Вести Македонија Топ вести

Германија ја класифицираше Македонија како област со висок ризик на инфекција со ковид

Германија ја класифицираше Македонија како област со висок ризик на инфекција со ковид. Од недела, 22 –ри август сите македонски патници кои не вакцинирани, а кои ќе пристигнат во Германија ќе треба да одат во 10-дневен карантин, а за тоа време не смеат да се примаат посетители.

Ако патниците покажат потврда за вакцинација или оздравување од болеста, карантинот завршува предвреме. Лицата над 12 годишна возраст кои се вакцинирани, и од вакцината се поминати најмалку 14 дена, можат слободно да влезат во земјата. А преку порталот за влез во Германија, може да се достави и негативен пцр тест најрано пет дена пред влезот.  Германија ги признава вакцините на Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон и Џонсон. На децата под 12 -годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите деца не се вакцинирани. Сите останати без вакцинација можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе