Македонија Топ вести

Хаџијанев: Брзиот крах на Авганистан е резултат на корупцијата на тамошниот систем и немањето доволно информации за моќта

Првата тура на 450 прифатени хуманитарни бегалци нема амбиција да остане тука така да не може да предизвика посилни предизвици за системот иако нивниот прифат ќе се коментира врз основа на функционалноста на системот во државата, анализира за Телма, универзитетскиот професор Методи Хаџијанев.

Тој смета дека државата има персонални капацитети за справување со  сите последици кои ќе произлезат од падот на Авганистан. Можни се нови бегалски колони  и системот во Македонија мора да биде подготвен и буден, и за економски и за безбедносни последици, оценува тој.

Хаџијанев кој има и активно учество во Ирак како припадник на АРМ вели дека сите прогнози за напредокот на талибанците се покажале како оптимистични односно предвидувале подолго време за авганистанскиот државен отпор. Се се сведува на моќта на оние кои стануваат посилни од државните субјекти.

Талибанците сега имаат дипломатско искуство и ќе купуваат време за преговори со западот за да зајакнат на терен иако традиционалните нивни непријатели од северот на Авганистан веќе се организираат, а состојбата е крајно непредвидлива, вели Хаџијанев.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Кочанчанец го фатиле со дрога па потоа на дрзок начин преку прозор побегнал од полициската станица

Tea Dimkovska

Пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма – Општината Валандово се сомнева за намерно подметнување

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе