Македонија Топ вести

Наместо обединување, остри зборови меѓу опозицијата

Во пресрет на локалните избори, и опозицијата се обидува да се обедини по примерот на власта. Но, обединувањето оди тешко. Со голем број на критики за  политиката и ставовите, Апасиев ја одби јавната покана на Мицкоски, за заеднички настап.

Намерата на Левица, вели, не е да донесе некого на власт, туку да стане власт. Мицкоски, пак, му врати дека, воопшто и не побарале од нив да им помогнат да дојдат на власт, туку да се обединат за го симнат Заев. Левица, вели,  има лична одговорност за доаѓањето на власт на СДСМ и ДУИ и ова им е шанса да ја поправат грешката.

При крај се и преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците за соработка на локалните избори. Но, Алијанса преговараат со сите, па и со противниците. Првин им понудиле заеднички настап на ДУИ во првиот круг, а откако тие се договориле со Заев,  им преостанало да направат „контра удар“, а тоа е соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

Соработката ќе се однесува на сите општини каде што има интерес имаат и двете партии.Заев е скептичен дека оваа коалиција ќе успее.

Конечните коалиции и нивните кандидати се очекува да бидат познати кон средината на идната недела.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Кочанчанец го фатиле со дрога па потоа на дрзок начин преку прозор побегнал од полициската станица

Tea Dimkovska

Пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма – Општината Валандово се сомнева за намерно подметнување

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе