Македонија

Екологистите од југоистокот ќе одлучуваат дали ќе учествуваат на локалните избори

Уште три дена „Здрава котлина“ ќе се изјасни дали ќе ги поднесат независните листи на советници и градоначалник во струмичко. Активистите против отворање на рудникот Иловица уште пред неколку седмици најавија дека ќе поднесат независни советнички листи во општините Струмица, Ново Село и Босилово, како и независен кандидат за градоначалник на Ново Село доколку дотогаш не се најде решение за рудникот Иловица.

Граѓанските активисти се разочарани што политичките партии во своите програми малку внимание посветуваат на екологијата и проблемите што се однесуваат на загадувањето на животната средина. Едно се ветува а сосема е друго тоа за што се залагаат и реализираат за време на владеењето.

„Здрава котлина“ велат дека последните неколку изборни циклуси партиите добиваат поддршка и гласови со ветувањата за затворање на прашањата за рудниците во југоистокот, но, во суштина ништо од тоа не е реализирано.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Реконструкцијата е вовед во предвремени избори критикува опозицијата, но за власта е нова фаза во развојот на државата

Дејан Дејан

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе