Ковид19 Македонија Топ вести

Утре Владата ќе одлучува за почетокот на школската година со физичко присуство

Владата утре ќе одлучи за предлогот на МОН, школската година да започне со физичко присуство, искажан  на денешната седница на Главниот координативен кризен штаб. По разгледувањето на актуелната епидемиолошка состојба во државата, на состанокот на КШ е оценето дека се создадени услови новата школска година да започне со физичко присуство на учениците, а одделни исклучоци ќе бидат прецизирани на утрешната седница.

Во прилог на заклучокот за почетокот на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ, е големиот број на вакцинирани наставници и училишен кадар. Моментално 62% се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80% вакцинирани, од вкупниот број вработени во училиштата, велат од Главниот координативен кризен штаб.

Веќе се изработени протоколи од епидемиолозите за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите, каде се одржува наставата, дополнуваат од Владата .

Од почетокот на имунизацијата до сега, 60% од вработените негувателки, воспитувачки и останатиот персонал во градинките се вакцинирани. А, во скопските градинки тој процент изнесува над 65%, рече денеска министерката за труд и социјална политика, по средбата со директорите. На неа се разговарало за работата од септември, кога во услови на пандемија, се очекува зголемен број на деца од сегашните 8.300 кои престојуваат во летниот период. За нивна и за заштита на вработените, ќе се разговара со сеуште невакцинираните вработени во гранките , да го сторат тоа.

Разговаравме денеска на состанокот со директорите. Ние би организирале уште еден состанок и со претставниците од КЗЗБ, кои што ќе разговараат со вработените и ќе им укажат на тоа , колку е значајно да бидат вакцинирани заради нивното сопствено, но пред се заради здравјето на дечињата за кои што се грижат.Се докажа дека вакцинацијата е предуслов за успешно менаџирање на пандемијата со Ковид-19, рече министерката шахпаска.

Согласно епидемиолошката состојба, бројот на деца во градинките може да се менува, но на денешниот Кризен штаб е одлучено за сега да нема редукции. Според протоколите од мај, во групите до двегодишна возраст  престојуваат 15 деца, а во групите од две до шестгодишна возраст- 20 деца.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе