Угостителите не се сигурни како ќе се врши контролата на гостите, согласно новите рестриктивни мерки кои стартуваат од утре. Потребата за ангажирање редари кои треба да ги проверуваат гостите доколку се повеќе од 30, за поседување потврди за примена најмалку прва доза вакцина или дека го презежале Ковидот во изминатите 45 дена , на што им укажале деновиве од ДПИ, не им е јасна и оставаат простор за проверка и корекции од утре.
Потврдите за гостите на угостителските објекти и за посетителите на спортски, културни и други настани на отворено, а ја прележале болеста Ковид-19, се истите оние што до сега се издаваа, објаснуваат од Министерството за здравство.
Министерство за здравство: Потврдите за прележан Ковид , пациентите кои оздравеле може да ги извадат од веб страницата mk , или од матичен лекар. Тоа се истите потврди за прележан Ковид со кои се патува во странство.
Целосна забрана за работа и организација на настани на затворено, во сите угостителски објекти , со исклучок на летните тераси кои ќе функционираат со 50% од капацитетите. А, хотелиерите остануваат да работат и во затворено, со служење полн пансион само за нивните гости, но и со редари кои нема да дозволуваат посети од страна.Ова се дел од новите рестриктивни мерки.
Сотир Трајков
