Ковид19 Македонија Топ вести

Учебната година наближува, наставниците невакцинирани

Организирана вакцинација на наставниот кадар нема, иако се вакцинирани само 60 отсто од наставниците, а до стартот на учебната година останаа уште две недели.Нема ниту план за тоа, дали наставниците кои ќе се вратат на работа  ќе треба да покажат сертификат за вакцинација,  како и дали невакцинираните ќе треба да се тестираат. Лекарите имаат и други дилеми, дали е преземено се` за соодветна вентилација во училиштата?

Синдикатите се поделени. Едните сметаат дека, не е доволно да се остави на се` на совеста на наставниците и треба да се организира вакцинација во училиштата, другите дека, вакцинирани наставници има доволно за наставата да почне.

Се` уште не е познато ниту како ќе се одвива наставата. Родителите на децата од погорните одделенија не знаат дали нивните деца ќе тргнат на училиште, наставниците не знаат на каков начин ќе предаваат. Учениците се` уште ги немаат добиено ниту сведителствата од претходната година.

Од Независниот синдикат сметаат дека нема услови да се организира настава со физичко присуство во погорните одделенија.СОНК, пак,  се надеваат токму на тоа.

Другите земји веќе имаат конкретни планови за почетокот на учебната година.  Во Грција, иако почнуваат две недели после нас, на 13 септември, веќе е изготвен план, според кој, наставниците мора да доаѓаат на работа со сертификат за вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележана болест во последните шест месеци.Невакцинираните наставници и ученици ќе треба да се тестираат за коронавирус двапати неделно.

МОН нема такви планови. Деновиве побараа, вработените во училиштата, сами да се вакцинираат,  со цел да го заштитат сопственото, а со тоа и здравјето на најблиските.

Засега се знае само дека учебната година ќе почне навреме, на 1 септември. Како ќе се одвива, ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе