Денеска се регистрирани 518 нови случаи на Ковид-19, од направени 5.809 тестирања. Нови случаи има во најмногу во Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, додека во останатите градови има помалку од 10 новозаболени. Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје, по еден од Тетово и Дебар. Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 31 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 158.681, бројката на оздравени пациенти е 150.587, а на починати е 5.513. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.581.
