За само една недела за четири пати е зголемен бројот на новозаразени со корона вирусот во споредба со претходната недела.
Според извштајот на Министерството за здравство починаа 15 луѓе, во болница на возраст над 60 години, но имаше неколку починати и под 30 години. На врвот на листата според бројот на заболени е Тетово каде на 100.000 жители има повеќе од 200 заболени. Веднаш за Тетово е Гостивар со 150 до 200 новозаразени на 100.000 жители. Во истовреме овие два града се на дното на листата според бројот на вакцинирани, за разлика од Велес и Гевгелија каде се вакцинирале најголем број жители. Во текот на оваа недела регистрирани сe 1.658 нови позитивни случаи од 27 градови, а процентот на позитивност се движи просечно 4,3% од тестираните.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Регистрирани се заболени од сите старосни групи, но она што е новина е дека најзастапена е возрасната група од 20-29.
Со ваква статистика Македонија влезе во таканаречената фаза два каде се регистрирани кластери на случаи во одредени региони со соодветни капацитети за одговор.
Во изминатото деноноќие битката со ковид ја изгубиле четворица, двајца од Скопје и по еден од Тетово и Дебар, сите биле хоспитализирани. А од направени 5.809 тетирања позитивни биле 518. Од нив најголем број 179 се од Скопје, 96 од Тетово, 65 од Гостивар, а Куманово има 35 нови случаи, Кичево 29, Струга девет помалку, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, додека во останатите градови има помалку од 10 новозаболени.
Регистрирани сe 31 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 158.681, бројката на оздравени пациенти е 150.587, а на починати е 5.513. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.581.
Билјана Ставрова
