Од 5.959 направени тестирања кај 3215 лица е пронајден Ковид – 19.
Бројките се однесуваат само на последните 24 часа.
Битолчанец не успеал да се справи со ковидот и на 55 години починал на скопските клиники.
Од денеска Скопје одново го презеде приматот на град со најмногу новозаразени односно 101 случај. Зад не го е Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.
Скопје предводи и со најмногу активни случаи
Регистрирани сe 11 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 2, Тетово, Гостивар и Валандово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.
