Тетово влезе во четвртиот бран од пандемијата со коронавирусот и градот ја губи битката со вирусот кој таму веќе се шири неконтролирано. Медицинскиот персонал во коовид-центарот добил известување за прекин на годишните одмори поради алармантното влошување на сосотјбата со коронавирусот. За само еден месец градот од 6 лица на домашно лекување, утрово имаше 32 хоспитализирани, повеќе од 220 активни случаи и уште 200 во изолациија поради контакт со нив.
„Градот Тетово од град на спорадични случи почнува да влегува во фаза на широко распространета трансмисија во заедицата. Веќе нема кластери, значи почнува пак градот Тетово да се наоѓа во широко распространета трансмисија. Сите се кластер, фамилијарни кластери, поврзани со семејни ивенти“, вели д-р. Сузана Субашиќ, ЦЈЗ Тетово.
На прашањето што може да се очекува во наредните недели, денови, по овие 60 новозабоелни, д-р Субашиќ вели:
„Бројката да ни расте“.
Само десетина од позитивните се вакцинирани информира Субашиќ и додава дека ако во претходните бранови повозрасната популација беше на удар, сега се тоа младите на 20-30 годишна возраст.
Епедимиолозите во Тетово освен со новите случи и нивното анкетирање се соочуваат и со проблемот на криење на контактите што ја усложнува состојбата.
„Значи лицата не ги кажуваат контактите. Ги кријат. Се преселуваат, одат во други живеалишта. Значи лицата генерално не кажуваат контакти и такви имаме многу малку“, вели Субашиќ.
Освен очекувањето на епидемиолозите за ширење на вирусот, во тетовската болница се очекуваат тоа да доведе и до повеќе хоспитализации во наредните денови.
„Плус што е лошо имаме и зголемени амбулантски прегелди и тоа е знак дека во наредните денови ќе имеме нови хоспитализации. Клиничката слика на овој бран бран се развива побрзо во споредба со претходниот. Така што имаме пациенти кои за три – четири дена ќе развијат клиничка слика и мораат да бидат третирани во болница“, вели д-р. Гзим Нуредини, ковид-центар од Клиничка болница Тетово.
Овој податок пак го објаснува фактот што за само три недели во ковид-центарот на лекување се примени 32 лица. Од нив тројца се целосно вакцинирани и тројца со по една доза вакцина.
„Во нијанса се тие комплет вакцинираните подобро“, информира д-р Нуредини.
Инаку во пролетниот бран кога дневно се броеа и по речиси 100 нови позитивни случаи, бројката на хоспитализирани во тетовската болница не надмина 66. Само вчера пак таму имало 70 амбулантски прегледи, а утрово до 10 часот дури 20.
„Овие три – четири дена веќе е бројот зголемен, енормно е зголемен“, информира д-р Халим Исмаили, началник на инфективно одделение во болницата во Тетово.
Дека состојбата е алармантна покажува и тоа што медицинскиот кадар во ковид центарот добил известување за прекин на годишните одмори.
„Директорот дал наредба вчера да се прекинат сите годишни одмори. Да, да прекинати. Има некои кои што имаат уплатено, тоа се паѓа во вода“, информира д-р Исмаили.
Дека мерките повеќе не се почитуваат отколку што се почитуваат ни потврдија и неколку Тетовци.
Метеж и врвулица во Тетово, во градот ништо не навестува дека само вчера во него се регистрирани 60 нови позитивни на корона вирусот. Додека нивни над 30 сограѓани се хоспитализирани во ковид-центарот Тетовци малку ги почитуваат мерките за заштита.
И додека здравствените работници се подготвуваат за уранетиот четври бран на коронавирус кој веќе го зафати Тетово, пред лабораториите се чека ред за тестирање за коронавирус најмногу за патување надвор од земјава, пред се на гастербајтерите кои изминатиов месец го преплавија Тетово.
Тамара Грнчароска
