Во пламен борова шума во близина на граничниот премин Богородица, состојбата е критична. Опожарен е дел од караулата, се слушнале и неколку пукотници во нејзина близина. Силниот ветер го шири огнот. Во ризик е казиното Фламинго и една бензиска пумпа. Во гаснењето на пожарот помагаат и противпожарни епики од Неготино, Кавадарци и Демир Капија. Состојбата е критична, сите екипи се на терен, се прават напори огнот да не стаса до загрозените објекти. Локалните власти побарале помош и од соседна Грција, потврди за Телма, градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков.
Пожарот во близина на Богородица опасност за казиното Фламинго и една бензинска пумпа
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
