Македонија Најважни

Пожарникари во трка со времето, со хеликоптери се гаснат пожари на непристапен терен во Старо Нагоричане

Пламнати стебла и пожарникари панично во трка со времето. И вака изгледа и денешниот ден како и претходните неколку – овде во Старо Нагоричане, но и речиси низ целата држава каде што беснеат пожари кои високите температури и ветрот дополнително ги разгоруваа.

Горат шуми, гори сува трева и претежно на непристапен терен.

Денес екипите на пожарна цело утро го чекаа хеликоптерот кој истури вода врз неколкуте најжешки точки.

Локалните власти најзагрижени беа да не се прошири огнот кон густата борова шума во непосредна близина на густиот чад – шума која географски е границата која ги одделува Кокино и Ранковце – места кои беа под закана на пламенот на непристапниот терен каде само хеликоптер беше спас.

Само материјална штета предизвика пожарот во околината, ни кажа градоначалничката на општина Старо Нагоричане.

Со полна опрема покрај пожарникарите, на помош беа и од Дирекцијата за заштита и спасување, со лопати и други орудија – подготвени да се впуштат во акција ако се случи најкритичното и оганот допре до местата каде што има жители, но и ангажирано да се обидат да им ја олеснат работата на пожарникарите во гаснењето на жариштата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе