Кочанчани вечерва може мирно да спијат. Градот повеќе не е во опасност, нирту пак складиштата и фирмите во индустриската зона.
Пламените јазицикои се закнуваа да го проголтаат Блеско маало и стотината семејни куќи ги нема.
Но остана пустошот и апокалиптичните пејсажи. Ова е ридот кој вчера гореше и се закануваше да го проголта маалото.
Тука неколку стотици граѓани, пожарникари и војници со црева, раце, лопати, шишиња и кофи даваа се од себе за да го спречат најлошто сценарио.
Кога снемуваше вода полнеа од базените на околните куќи. Со храброст, пожртвуваност и многу среќа го спасија маалото и спречија пожарот да продре во градот.
Оганот беше локализиран утрово меѓу пет и седум часот. Истовремено бе алокализирани и пламените јазици кај селото Тркање и индустриската зона.
Трагите од пустошот се тука. Изгорена штала, мини живинарска фарма, пчеларници.
Среќа во несреќа е што нема човечки жртви. Но мактеријална штета има. Две куќи се зафдатени од пожарот а десетина се со оштетени фасади или пак исчадена внатрешност.
Кочани е безбедно но тоа не може да се каже за планинскиот региуон. Во подножјето на Осогховските планини беснееа два шумски пожари.
Едниот кај Костин дол е локализиран но еден е сеуште активен. Стотина пожарникари, припадници на АРМ и територјалната заштита се обидуваат да го држат под контрола но според и ифнормациите нанадлежните без помош од воздух тоа нема да биде можно. А хеликоптери вечерва повторно нема да има бидејќи се ангажирани на други две локации.
Општина Кочани денеска имаше две седници, на кризниот штаб и на Советот на кој беше донесена одлука да се одвојат два милиони денари за помош на оние кои претпра штета во вчерашнито пожар.
Кој е одговорен засега нема одговор, но фактот останува дека доколку не беше помошта на граѓаните и на пожарникарите од целата држава, петнаесетмината пожарникари во Кочани со нивните седум возила ќе ја загубеа битката со пламените јазици и покрај нивните натчовечки напори.
Огнен Чанчаревиќ
