Нови 37 случаи со коронавирус во Македонија во последното деноноќие од 3.658 тестирања. Со нив вкупната бројка на активни случаи во земјава се искачи на 627 од кои повеќе од половината се во два града – Скопје и во Тетово. Во главниот град како новозаболени се регистрирани 15 лица, со што бројката на активни случи во Скопје се искачи на 195, а во Тетово осум, кое со своите 175 активни случаи во моментов е градот со најмногу активни случи по глава на жител. Истовремено Тетово пак е градот со речиси најмалку вакцинирани со една доза вакцинирани против коронавирусот, само 19,4 проценти од тетовци или 31.000. Нешто помалку вакцинирани од Тетово имаат само Гостивар, Кичево и Дебар, каде процентот на вакцинирани е од 18 од 18,6 проценти.
Од вчерашните 37 нови позитивни на коронавирус во Куманово се регистрирани четири, кој е трет по број на активни случи во државава со 68, додека во Гостивар кој има 49 активни случи од вчера се бројат и три нови, во Кичево два, а во Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар по еден.
Во изминатите 24 часа нема регистирани починати како последица од коронависурот.
И додека во седум дена се удвоија активните случи на коронавирус во земјава од 326 на 627, бројот на вакцинирани во земјава не е удвоен, но здравствените власти сепак велат дека вакцинацијата се одвива добро.
Од министерството за здравство информираат дека заклучно со 1 август, со една доза на вакцина вакцинирани се 31% од населението над 18 годишна возраст. Со тоа од 20 јули до денеска бројот на вакцинирани со една доза е зголемен за 3,5 проценти.
„Кај лицата над 50 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 50,6%, кај лицата над 60 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 61,2%, додека кај лицата над 70 години изнесува 64,9%“, наведуваат од министерството за здравство.
Статистиката покажува дека најмногу вакцинрани има во Кавадарци и Гевгелија по 46 проценти од населчението, по што следи Охрид со 45,5, па Битоа и Ресен со 43 проценти, по што следат Штип со 41%.
Скопје иако по апсолутна бројка има најмногу вакцинрани 159.514, но изразено во проценти во главниот град се вакцинирани 32,2 скопјани.
Тамара Грнчароска
