Македонија Најважни

Илинден се прославува разединето

Културно-уметничка програма за различни вкусови има, но обединување нема! Првите луѓе на политичките структури и овој Илинден го поминаа на различни локации и со засебни видувања за начинот на кој треба да се прославува.

Иако опозицијата не ја прифати идејата на претседателот Пендаровски за централна прослава во Крушево  без говори  и без политички пораки за да се избегне вообичаено напнатата атмосфера, тој повторно повика на обединување. Во видео порака, ја посочи „слободата како највисок идеал за еден народ“ и Илинденските и Асномските победи како остварување на тој сон.

Пендаровски претпладнето остана верен на традицијата: положи цвеќе на гробот на претседателот на крушевската република Никола Карев во споменикот Македониум на Грумење и присуствуваше на панихидата за загинатите илинденци. Присуствуваа и бројни делегации, а вечерва му се придружуваат лидери, меѓу кои и Али Ахмети.

„Ќе го разочарав народот ако отидев со нив“, одговори опозицискиот лидер Христијан Мицкоски од Струшко Ташмаруништа. Го обвини Пендаровски дека не може да биде фактор на обединување бидејќи не му се спротивставил на Заев.

Мицкоски повика на обединување против власта. Тие што нема да се обединат ќе ги смета за „Заева испостава“.

Мицкоски најави дека и в година за Илинден ќе дојде во Ташмаруништа. Тоа би било петти пат по ред. Државната прослава на националниот празник е на три локации: Крушево, Пелинце и Скопје, со ротација на претседателите на Републиката, Собранието и на Владата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Николоски оптимист дека ќе се избегнува статусот „загрозено подрачје“ за Охрид, автопатот ќе се гради

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе