СДСМ вечерва објави имиња на уште пет кандидати за градоначалници, со што официјално се познати вкупно 35 имиња со кои социјалдемократите ќе ја бараат довербата од граѓаните на локалните избори во октомври.
Станува збор за кандидати за општините:
- Неготино – Тони Делков;
- Гази Баба – Борче Георгиевски;
- Могила – Јасмина Гулевска;
- Берово – Звонко Пекевски;
- Ранковце – Даниел Крстевски.
Делков, Георгиевски, Гулевска и Пекевски се актуелни градоначалници и на изборите ќе се борат за нов мандат. Ранковце, пак, актуелен градоначалник е Ивица Тошевски кој пред четири години беше избран како независен кандидат.
Останатите 30 кандидати кои веќе официјално се познати, СДСМ ги објави на 13 јули, меѓу кои повеќето беа имиња на актуелни градоначалници.
