Вести Македонија Најважни

Локалните избори ќе бидат распишани на 6 август

На 6-ти август ќе се распишат локалните избори за да се одржат на 17-ти октомври. Ова го потврди утринава спикерот на Собранието, Талат Џафери, на редовниот брифинг со новинарите.

Во однос на измените на Изборниот законик, спикерот Џафери не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците којшто започнува на 1 август. Напомена дека матичната Комисија за политички систем треба да ги заврши амандманите. Голем дел од поднесените амандамни кои се околу над 700, се формално уредни, додаде Џафери.
Тој нагласи дека денеска се прават сите анализи за незавршените обврски кои треба да се дозавршат, за што ќе има координација. Ако има потреба, можно е Собранието да работи и утре.
Со седниците ќе продолжат по одморот, кога ќе работат по преостанатите незавршени седници. Нова седница ќе биде закажана на 13 или 14 септември.

Владејачката СДСМ синоќа излезе со уште пет имиња за градоначалници, со што официјално се познати вкупно 35 имиња со кои социјалдемократите ќе ја бараат довербата од граѓаните на локалните избори во октомври.

Станува збор за кандидати за општините:

  • Неготино – Тони Делков;
  • Гази Баба – Борче Георгиевски;
  • Могила – Јасмина Гулевска;
  • Берово – Звонко Пекевски;
  • Ранковце – Даниел Крстевски.

Делков, Георгиевски, Гулевска и Пекевски се актуелни градоначалници и на изборите ќе се борат за нов мандат. Ранковце, пак, актуелен градоначалник е Ивица Тошевски кој пред четири години беше избран како независен кандидат.

Останатите 30 кандидати кои веќе официјално се познати, СДСМ ги објави на 13 јули, меѓу кои повеќето беа имиња на актуелни градоначалници.

ВМРО ДПМНЕ се уште не ги соопштува кандидатите за градоначалници, но вчера Мицкоски од трибина во Прилеп, соопшти дека каднидат за градоначалник за Прилеп од нивните редови ќе биде  д-р Борче Јовчески. Неодамна беше соопштен и кандидатот за Охрид, стоматологот Кирил Пецаков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 загинати и 19 исчезнати во голем шумски пожар во Шпанија

Дејан Дејан

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе