Свет Топ вести

Рекорден раст на новозаразени со коронавирус во Сиднеј

Најголемиот град во Австралија, Сиднеј, забележа рекорден дневен раст на нови инфекции со коронавирус. Во последните 24 часа, регистрирани се 239 нови случаи – највисок број од почетокот на пандемијата.

Главната причина за комплицираната епидемиска ситуација е новата, Делта варијанта на вирусот. Поради таа причина, австралиските власти ги зголемија овластувањата на полицијата, што им овозможува да ги затвораат продавниците што не работат во согласност со анти-епидемиските мерки.

Повеќе од два милиони жители во осум жаришта во Сиднеј сега ќе треба да носат маски на отворено и не смеат да бидат повеќе од 5 километри оддалечени од своите домови. Сиднеј е во петтата недела од продолжената деветнеделна блокада, која треба да заврши на 28 август. Сепак, продолжува ширењето на многу заразна варијанта Делта, јавија локалните медиуми. Еден ден порано, државата Нов Јужен Велс информираше за вкупно 177 нови случаи на коронавирус. Сиднеј, дом на една петтина од 25-те милиони жители на Австралија, се бори со најлошиот бран на пандемијата оваа година, продолжувајќи го заклучувањето за уште еден месец од вчера. Досега се идентификувани повеќе од 2.800 случаи, а 182 лица се хоспитализирани, 54 се на интензивна нега. Пријавени се два нови смртни случаи, со вкупно 13 смртни случаи во последниот бран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДСМ, Левица и ДУИ

Дејан Дејан

Најмалку 12 загинати во шумски пожар во Шпанија – огнот избувнал за време на топлотниот бран

Дејан Дејан

Мбапе и Дембеле го скршија Мароко, Франција моќно до полуфиналето на СП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе