Македонија Топ вести

Лицата со попреченост незадоволни од средбата со министерката Шахпаска

Само ветувања , без конкретни рокови за остварување на барањата. Ова е епилогот од денешната средба на лицата со попреченост со министерката за труд и социјална политика, по двата протести одржани минатата недела. Претставниците од Коалицијата „ Менуваме“ , од средбата излегоа револтирани , зашто сметаат дека се заборавени од државата.

“Не се усогласивме. И би сакал од тука да кажам: Министерке , г-ѓо Јагода Шахпаска заврши времето ќе, ќе, ќе. Туку едноставно , сега веднаш во интерес на лицата со попреченост, да се остварат нашите права!” – изјави Суарет Алишан од коалицијата “Менуваме”.

Зголемување на додатокот за лица со попреченост од 7200 на 12 000 денари од септември, ангажирање лични асистенти кои ќе бидат вработени и со пензиско осигурување, формирање дневни , ресурсни и центри за рехабилитација, организирање превоз за лицата со попреченост, регистар на ниво на држава и проширување на листата професии за образовни асистенти за децата со попреченост, согласно нивните афинитети, се барањата кои очекуваат да се конкретизираат.

“Ние баравме рокови. Акционен план да видиме. Значи ние не можеме да чекаме со децении. Буквално децении чекаме за овие промени” – вели Ребека Јанковска од здружението на родители на деца со аутизам.

Зголемениот додатокот од 15% за попреченост ќе стигне следната година, по локалните избори ќе се разговара со градоначалниците за отворање на центрите за лица со попреченост, тие веќе имаат асистенти на 6, а не на 18 години како порано, а се работи и на нов социјален и центар за аутизам во Скопје, рече Шахпаска.

-За нас лицата со попреченост се навистина високо на агендата.

“Очигледно дека програмите им служат само за предизборни ветувања” – оцени Бранкица Димитровска од коалицијата “Менуваме”.

Од Коалицијата попладне се на средба во Владата, а доколку нема гаранции за изполнување на барањата во среда излегуваат на нови протести.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе