Вести Македонија Најважни

Вкупно 25 години затвор за функционерите за организација на 27-ми април, за Вељановски, Јанакиески, Ристевски и Атанасовски се бара притвор

Екс претседателот на собранието Трајко Вељановски – 6 и пол години затвор, поранешните министри Спиро Ристевски и Миле Јанакиески по 6 години и три месеци и екс началникот на УБК Владимир атанасовски – 6 години.

Во пресудата за организаторите на Крвавиот четврток ги нема Никола Груевски и Никола Бошковски, кои избегаа. Судијата Илија Трпков ја образложи својата одлука, рече Цел свет виде како се руши демократија од лукративни цели за власт.

Пооделно секој имал своја задача во организацијата на упадот, стои во пресудата. Груевски беше тој што преку телевизиско интервју го повика народто да не седи во папучи.

Вељановски како претседавач ја постигнал целта да дојде до упадот, Ристовски и Јанакиески давале насоки, Атанасовски дал наредба да се уништат докази, а Бошковски ги уништил.

Судијата се осврна и на сведочењата како релевантно на Александар Василевски Нинџа за организацијата во зградата на ВМРО ДПМНЕ, а индиректно и врз она на премиерот Зоран Заев кој во судница ги амнестираше обвинетите.

Но организаторите всушност добија многу пониски казни од извршителите на упадот кој се случи на 27 април 2017 та.

Во првиот случај највисоката беше 18 годин а најниската 6. Додатно е под законскиот минимум од 10 години, а според судијата меѓу олеснителните околности за овие функционери е тоа што беа амнестирани функционерите кои ги отворија вратите на собранието.

Упадот во Собранието ќе остане запаметен како прв ваков настан во историјата на земјата, а сега и прв во кој е осуден претседател на собрание и тоа за Терористичко загрозување на уставниот поредок.

Со него се поврзани десетици судски процеси и речиси сите завршија со затворски казни. Претседателот на партијата која не ја даваше власта, сепак е на слобода и ќе му се суди но само ако се врати во земјава.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе