Ковид19 Топ вести

Српскиот комитет за имунизација предложи давање трета доза од РНК вакцините

Стручниот комитет за имунизација на Србија му предложи на Кризниот штаб за борба против Ковид-19 кај нашиот северен сосед да донесе одлука за аплицирање на трета доза од вакцината против корона вирусот најмалку 6 месеци по дадената втора доза.

При тоа се препорачува трети дози да се даваат од ткн РНК вакцини, односно вакцините на Фајзер и Модерна, која во Србија треба да пристигне во Октомври.

Според оваа препорака, досегашните истражувања покажале дека примената на третата доза, односно бустер дозата од вакцините против Ковид-19, доведуваат до зголемување на хуморалниот имунитет.

Овие трети дози се препорачани за луѓето кои се имунизирале пред 6 месеци, без оглед со која вакцина, и тоа првенствено кај: луѓето со имунитен дефицит, луѓе со трансплантирана коскена срцевина, кај постари од 70 години, постари од 60 години кои се сместени во домови за нега но и кај здравствените работници и вработените во социјалната заштита.

Сепак, третата доза може да ја примат и сите останати луѓе кај кои од давањето на втората доза поминале најмалку 6 месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Дејан Дејан

Скопјанец се заканувал дека сите ќе ги убие, дека ќе го задави сопственото дете, извадил и нож

Kristina Kuzmanovski

Владата размислува сама да ги гради Чебрен и Галиште

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе