Македонија Топ вести

Се санираат штетите од големиот пожар во Карбинци

Во атарот на Карбинци утринава сè уште на одредени локации чади, но според градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев пожарот е под контрола и засега нема опасност повторно да се активира, како што вчера доцна попладнето огнените јазици поради силниот ветар косеа се пред себе.

Штетите се големи, семејството кое беше евакуирано од викенд куќата изгуби се во пожарот, покуќнина, како и малиот бизнис со одгледување на ретки билки.

– Разговараме со семејството тие заминуваат за Скопје, каде што и живеат, денеска комуналното претпријатие ќе ги расчисти остатоците од изгорената викенд куќа. Штета имаме на електричните кабли кај препумпната станица за село Таринци. Проблеми со водоснабдувањето на ова село немаме, бидејќи систем е преориентиран од друг извор, вели Насев.

Според мештаните и сопствениците викенд куќите, кои изгореа и беа во опасност пожарот почнал во близина на трафостаницата. Полициски службеници излегле на терен, а треба да утврдат дали пожарот е предизвикан од запалено стрниште или од како што велат очевидците од дотраена електрична мрежа и паднати електрични столбови. Градоначалникот на Карбинци, Насев вели дека истражните органи треба да истражат до крај, а како локална власт денеска до ЕВН ќе испратат и писмо, во кое ќе бараат да се санираат електричните столбови во селата Оџалија, Парналија и Припечани, каде што има паднати столбови и се опасност не само за предизвикување на пожари, туку и за месното население. Во Општина Карбинци пред 15 дена изгореа жито, повеќегодишни овошни насади и лозја, до општинската Комисија штета пријавиле 70 земјоделци, а изгорени се над 200 хектари со различни култури и насади.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе