Македонија Топ вести

Заев ретерира: Не е проблем преклопувањето на кампањата со пописот

Само пред два дена тврдеше дека ќе биде проблем да се поклопи изборната кампања со пописот, сега вели: ништо страшно. По отпорот кај опозицијата, премиерот ретерира во ставот околу датумот за локалните избори.

Уште е неизвесно и дали на изборите ќе се гласа со отпечаток од прст. По сомнежите за кредибилитетот на избраната фирма која треба да ги обезбеди апаратите за гласање, сега се вршат дополнителни проверки.Тече и десет дневниот рок за жалби, но, доколку се искомплицира процесот поради кратките рокови, Заев  сугерира пократок пат.

Во меѓувреме, скриената кампања е во полн ек, но адутите се` уште се кријат, особено во поголемите градови. Заев денеска ќе разговара со Ахмети за заедничкиот настап и поддршка на изборите, но детали не се откриваат.

Можно е СДСМ да кандидира Албанец за Тетово, затоа што од петмината кандидати од општинската организација, тројца се Албанци. Заев тврди дека анкетите за рејтингот во овој град покажуваат само два проценти разлика во корист на ДУИ пред СДСМ. Не сакаше да потврди дали професорот Абдулменаф Беџети е еден од можните кандидати за Тетово. Поддршката на некои места ќе биде  уште во првиот круг, а некаде се очекува во вториот круг, зависно од договорот со коалиционите партнери.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе