Македонија Топ вести

Шилегов: Работа на партиите е да го договорат терминот за локалните избори, на скопјани им е сеедно кога ќе се одржат

Околу датумот за локалните избори своја изјава даде и актуелниот градоначалник на Град Скопје, Шилегов, кој истакна дека партиите имаат обврска да се договорат околу тоа прашање. Ова доаѓа по вчерашната изјава на премиерот Заев и неговиот предлог – локалните избори да се одржат на 31 октомври за што тој најави дека ќе побара согласност од партиите, а со цел да се избегне поклопување на датумот за избори со спроведувањето на пописот.

„Работа е на политичките партии да ги договорат термините за локалните избори и како и да е се ближат локалните избори. Што се однесува до скопјани, јас знам дека им е сосема сеедно дали изборите ќе бидат порано или на 31 октомври затоа што знам дека ќе го изберат континуитетот во дејствувањето и во функционирањето на градот“ изјави Петре Шилегов, актуелен градоначалник на Град Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе