Се зголемуваат студентските и ученичките стипендии, одлучи Министерството за образование. Студентските стипендии за социјалните случаи се зголемуваат за 100%, од 3000 денари на шест илјади, а студентите кои студираат природни науки ќе добиваат 18 илјади денари, поради тоа што овие науки се дефицитарни.
По 10 години, се враќа и стипендирањето на втор и трет циклус – поточно сите оние кои ќе сакаат да го продолжат своето студирање во државата ќе можат да добиваат стипендија за дома, а не само за во странство. Целта е да останат дома и да придонесат за развојот на државата.
Ќе се зголемат, исто така и ученичките стипендии и ќе изнесуваат 2.500-тини денари.
За средношколците и студентите ова е голем чекор напред, задоволни се, и истакнуваат дека ова се должи на 10-месечните преговори со МОН. Велат дека ќе продолжат со својата борба за исполнување на нивните барања.
