Вести Македонија Топ вести

Без нова влада во Бугарија прашањето со Македонија ќе остане на мртва точка

Без формирање на политичка влада и институциите во Бугарија прашањето со Македонија ќе биде тешко да се помести од мртва точка и од тоа ќе зависи дали 2021 ќе биде загубена или не за земјава во контекст на евроинтеграциите. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, иако останува на ставот дека и техничката влада во Софија може да донесе одлука за старт на преговорите со земјава, по јунското техничко „не“ од Бугарија сега со став дека за продолжување на дијалогот со Софија сепак ќе се чека нов бугарски кабинет.

„И од тоа ќе зависи малку и одговорот на второто прашање, дали ќе има изгледи оваа година или не. Клучно ќе биде дали ќе има страна во Република Бугарија која што може да влезе во дијалог со нас по однос на овие прашања. Јас сум вечен оптимист, но сметам дека има сериозни прозорци на можност до крајот на оваа година“, изјави Османи.

Османи прозорците за можности за затворање на прашањето со Бугарија ги гледа пред и по изборите, односно во месеците септември, октомври и декември.

„Тие се тие прозорци на кои ние таргетираме во моментот и мислиме дека постои шанса да се најде решение. Меѓутоа сакам уште еднаш да кажам, да не се врзуваме со датуми, поради тоа што некако општеството живее со тие рокови, со тие надежи и фрустрации на датуми и рокови. Очигледно ова прашање веќе не зависи од нас. Ние ги исполнивме сите критериуми за заппоќнување на преговори. Ги имаме јасно утврдени црвените линии преку кои што не можеме да поминеме“, вели Османи.

Дека од политичката волја во Софија зависи продолжувањето на европскиот пат на Македонија е став и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, кој исто така смета дека Македонија од свооја страна направила се што можела и оти постојат црвени линии преку кои не може да се помине.

„Ако постои политичка волја и лидерство во Бугарија, мислам дека можеме да најдеме европско решение кое би било добро и за македонско-бугарското пријателство, и за европското ветување кон регионот и за Северна Македонија. Но тука има едно ’ако’, затоа што ние веќе направивме се што можевме“, вели за „Еуроактив“ Димитров.

Сепак и покрај разочарувањето и Димитров и Османи го делат ставот дека македонската влада нема да се откаже во барање на решение со Бугарија, за што Османи добро можност и простор за такво нешто гледа во т.н. португалски предлог, кој сега пртемина во рацете на словенечкотот претседателство со ЕУ.

Во меѓувреме македонската амбасада во Бугарија се уште е без амбасадор и како што информираше Османи вчера на седница на влада поминале неколку имиња за пополнување на неколку амбасадорски места, а оти името кој ќе не претставува во Софија се уште се усогласува на линија, МНР – влада – претседател.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе