Македонија

Штипските булевари и улици од денеска стануваат дел од транизитот кон југоистокот и во спротивен правец

Штипските булевари и улици од денеска стануваат дел од транизитот кон југоистокот и во спротивен правец. Жителите под Исарот и Ново Село алармираат дека може да се случи трагедија. Стартите и склонопадни куќи се опасни за пешаците, но и за возилата. Стравуваат за безбедноста на нивните внучиња и деца, бидејќи какошто велат има совесни, но има и возачи кои додаваат гас и во населено место.

Неколку тонските камиони кои поминуваат по транзитните улици се опасност за старите куќи во Штип,  алармираа денеска жителите под Исарот и Ново Село. Овие штипски улици од денеска станаа дел од магистралниот пат кој води кон југоистокот, а жителите и компаниите од струмичкиот регион мора да патуваат по нив и за да пристигнат до Скопје. Пренасочувањето на сообраќајот низ Штип е за непречена изградба на вториот дел од експресниот пат кон Радовиш. Жителите доставиле и петиција дека не е безбедно ниту за пешаци, ниту за автомоболите и камионите.

Старите автентични куќи под Исарот со години никој не ги обновува, а се заштитени како културно историски споменици. Жителите пак на штипска населба Ново Село стравуваат за безбедноста на пешаците.

По штипски улици денеска можеа да се видат и полициски службеници, булеварите и улиците низ Штип ќе бидат дел од магистралниот пат неколку месеци се до изградбата на експресниот пат од населбата Три Чешми до клучката кај мостотот на реката Брегалница.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе