Штипските булевари и улици од денеска стануваат дел од транизитот кон југоистокот и во спротивен правец. Жителите под Исарот и Ново Село алармираат дека може да се случи трагедија. Стартите и склонопадни куќи се опасни за пешаците, но и за возилата. Стравуваат за безбедноста на нивните внучиња и деца, бидејќи какошто велат има совесни, но има и возачи кои додаваат гас и во населено место.
Неколку тонските камиони кои поминуваат по транзитните улици се опасност за старите куќи во Штип, алармираа денеска жителите под Исарот и Ново Село. Овие штипски улици од денеска станаа дел од магистралниот пат кој води кон југоистокот, а жителите и компаниите од струмичкиот регион мора да патуваат по нив и за да пристигнат до Скопје. Пренасочувањето на сообраќајот низ Штип е за непречена изградба на вториот дел од експресниот пат кон Радовиш. Жителите доставиле и петиција дека не е безбедно ниту за пешаци, ниту за автомоболите и камионите.
Старите автентични куќи под Исарот со години никој не ги обновува, а се заштитени како културно историски споменици. Жителите пак на штипска населба Ново Село стравуваат за безбедноста на пешаците.
По штипски улици денеска можеа да се видат и полициски службеници, булеварите и улиците низ Штип ќе бидат дел од магистралниот пат неколку месеци се до изградбата на експресниот пат од населбата Три Чешми до клучката кај мостотот на реката Брегалница.
Викторија Јованова
