Вести Свет Топ вести

Или две дози вакцина или прележан ковид за влез во ресторан во Франција

Од денеска, сите кои сакаат да одат во кино, музеј или на спортски натпревар во Франција ќе мора да приложат доказ дека примиле две дози од вакцината или дека неодамна го прележале ковид-19, односно негативен ПЦР тест. Дури три милиони  луѓе се пријавиле за вакцинирање во првите 72 часа откако оваа мерка беше најавена на 12 јули.

Здравствената пропусница ќе биде задолжителна за влез во културните установи со капацитет од над 50 луѓе, по што внатре ќе може да се престојува без маска. Од 1 август, таа би можела да се бара и за влез во ресторани, кафулиња и трговски центри, за што ќе се дебатира во парламентот. Маските и натаму мора да се носат во јавен превоз и продавници.

Ова следува откако Франција вчера регистрираше 18.000 нови случаи на коронавирус, откако минатата недела дневниот просек бил 7.000.

„Вакво нешто не сме виделе досега. Делта сојот придонесува за поголем број нови случаи од некои претходни варијанти“, изјави министерот за здравство Оливје Веран.

Во меѓувреме, продолжуваат масовните протести против ковид мерките, и против вакцинацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Мицкоски: Засега нема мерки против инфлацијата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе