Македонија

Објавен е конкурсот за реонски попишувачи и инструктори

Објавен е конкурсот за реонски попишувачи и инструктори. Избраните ќе треба да поминат обука пред непосредното попишување на населението во периодот од 5 до 30 септември. Вакцинацијата на попишувачите не е задолжителна, но во пријавата постои такво прашање, паралелно со прашањето дали би сакале да се вакцинираат. Пријавувањето на иселениците трае веќе неколку месеци и стигна до 190 илјади.

240 кандидати за попишувачи и инструктори ја пополниле пријавата уште првиот ден. Во Заводот за статистика, кој треба да го реализира пописот, се надеваат дека до 5-ти август, кога истекува рокот за пријавување, ќе пристигнат доволен број апликации. Од нив ќе се изберат над 5 илјади попишувачи и 500 реонски инструктори, распределени по региони и познавање на некој од седумте јазици на кои ќе се одвива пополнувањето на пописните формулари. Потоа сите ќе поминат низ соодветна обука. Заинтересираните треба да одговорат и на прашања поврзани со нивната имунизација, иако вакцината не е услов.

Во март, Статистика веќе помина низ постапката на избор на попишувачи и инструктори, но сите активности беа сопрени кога Собранието изгласа одложување на Пописот од април до септември годинава. Продолжен беше рокот за самопопишување на иселениците. До сега, се пријавиле 190 илјади 288 македонски државјани кои живеат во странство повеќе од една година.

Овој попис наместо хартиена ќе има електронска евиденција, за што веќе се набавени софтвер и компјутери. Последниот успешен попис во земјава се спроведе во 2002. Во 2011-та пропадна, а судскиот процес за потрошените речиси 3 милиони евра, се уште нема епилог.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аптеките под лупа по претставките за лекот „Фостер“

Дејан Дејан

Мицкоски: Засега нема мерки против инфлацијата

Sasko Dimovski

Трифун Костовски го чека обвинението за „Еуростандард“ за да го проучи – нема одговор за фирмите кои не ги враќале кредитите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе