Почина 23 годишна родилка, која вчера во тешка состојба и во бесознание била донесена во гинекологија Чаир. Нејзиниот живот згалснал, но лекарите успеале да го спасат бебето, кое во моментот е во стабилна состојба.
Од болницата за Телма информираат дека родилката 10тина дена претходно лежела на Гинекологија, заради високо-ризична бременост, но и покрај лекарските предупредувања, сепак, одлучила да го прекине лекувањето и да замине дома. Кусо откако заминала, здравствената состојба повторно и` се влошила. Семејството веднаш ја однело во Гинекологија Чаир, каде била примена во најтешката можна состојба кај една родилка (статус-екламтикус, едема пулонум). Била во осмиот месец од бременоста, со дијабетес и прекумерна телесна тежина. Веднаш била префрлена на интезивна нега, лекарите почнале со реанимација, ја интубирале, но по 10 минути откако направиле ехо на стомак и заклучиле дека бебето е со тешка брадикардија, почнале породување со царски рез. Родилката починала, а бебето е родено со низок апгар, но во моментот е стабилно. Од гинекологија Чаир со апел до родилките да не ги пропуштаат задолжителните лекарски прегледи, а одлуките во бременоста да ги носат исклучително врз основа на лекарските совети и укажувања.
