Македонија

„НаТочак“: Планот спроти „Холидеј Ин“ е небезбеден, недемократски и автоцентричен

Планот спроти „Холидеј Ин“ мора да се стопира и да се преработи. Во спротивно ќе се поткопаат декларативните заложби за „зелен“ град, „велосипедски“ град, „град за луѓе“, „отпорно Скопје“, „Скопје со квалитетен јавен простор“ баш на најцентралната и најрепрезентативна локација, каде можеше навистина да добијат свој идеален приказ тие заложби, сметаат од иницијативата „НаТочак“.

Од иницијативата посочуваат дека има голем проблем во самиот концепт на планот, односно поставувањето на регулациските линии кои го разграничуваат јавниот од приватниот простор.

-Додека во моментов во Новo Маало – колоквијално познато како „маалото и паркингот спроти Холидеј Ин“ има многу јавни улици кои попречно ја сечат оваа четврт, во планот, и во реалноста во иднина, доколку планот не се стопира, ќе има само една јавна слепа улица како крак од улицата „Мирче Ацев“, што е погрешно од многу аспекти. Нема ниту пешачки јавни патеки низ целиот комплекс. Ќе се добие непробивна, приватна и небезбедна зона во самото срце на Скопје, се наведува во нивното соопштение.

Според иницијативата, иако со ДУП-от е создаден голем плоштад со површина од околу 8000 метри квадратни, и тоа делумно врз приватни парцели, тој не е воопшто поврзан со околината.

–Додека плоштад „Македонија“ има 10 активни јавни печашчки пристапи и еден блокиран, овој нов плоштад е испланиран само со еден јавен пристап, кој е истовремено и за пешаци и за автомобили кои се доведуваат околу самиот плоштад. Зошто се пропушта шансата кога веќе се планира голем плоштад, да се добие нов белег на Скопје со добро урбанистичко решение? Туку се форсира едно целосно небезбедно, недемократско и автоцентрично решение, соопштија од „НаТочак“.

Од иницијативата „НаТочак“ потенцираат дека градоначалниците би било логично да се заложат за повеќе јавни пристапи и кон овој плоштад доколку навистина се грижат за движењето, безбедноста, одржливоста, и да го стопираат овој план.

За таа цел, од иницијативата потенцираат дека им испратиле допис пред 11 дена и на градоначалниците и на министерот Благој Бочварски, на која се уште очекуваат одговор.

–Постоечкото решение од ДУП-от прави слободното, граѓанско, неконтролирано, некомерцијално пешачко движење (24/7) во јавен простор да се остварува дури на 350 метри растојание, практично пешаците се водат по патеки околу блокот, не низ блокот што е недозволиво за центар на град. Стручните препораки за пешачки движења велат дека препорачано растојание за пешачка мрежа е максимум 120 метри, со стремење кон 60 метри и помалку. Во спротивно, се демотивира пешачењето и се поттикнува поголемо користење автомобил, се наведува во дописот на иницијативата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе