Македонија Топ вести

Кој стои зад неготинската фабрика за производство на струја од ѓубре

Тим од четворица ја доби стратешката инвестиција од над 300 милиони евра во Неготино за производство на струја од ѓубре. Владата избра, избраната фирма тврди ќе биде како во ЕУ, екологистите предупредуваат.

Седница број 88, а владата го направи својот избор, иако локалните екологисти од Неготино протестираа. Дозволи стратешката инвестиција од над 336 милиони евра фабрика за струја од отпад да заврши во рацете на фирмата Зока енерџи солушнс. Зад името на добитникот на оваа стратешка инвестиција стои овој 4-член тим предводен од млад директор со исто така свежо портфолио, Зока енерџи е формирана лани во април со паричен влог од 5 илјади евра. На првиот повик да прашаме како ќе ја остварат инвестицијата, во седиштето на Зока ни се јави женски глас кој веднаш ни кажа немам коментар. Но потоа стапивме во контакт со проект менаџерот Лазе Филипов. Тврди дека се ќе биде по европски стандарди и дека се нова фирма затоа што инвеститорот од Луксембург како и сите други што доаѓаат во Македонија прават нови фирми.

Сепак, во влошката на фирмата стои дека основач и сопственик е Филип Блажев, а луксембуршката Грин инвестментс никаде не е спомната. Покрај тоа, фирмата е регистрирана за уништување на опасен отпад, иако во новата фабрика ќе се гори комунален и земјоделски отпад до 600 илјади тони годишно.

Сепак здружението Еко Вита и нивниот претседател Сашко Тодоров предупредуваат и остануваат на тврдењето дека фабриката останува сериозен ризик за здравјето на луѓето во неготинско како и за земјоделското земјиште.

Според планот, со новата фабрика треба да се уништува комунален отпад од 5 плански региони во државата. Како и колку ќе се заработува, зошто се бара приватна инвестиција, зошто не се гради државна фабрика како што е фабриката во словенечко Целје, пример кој е посочен во неготинскиот проект-засега на овие прашања нема прецизен одговор како и на она најбитното- дали и колку ќе влијае врз здравјето на граѓаните.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе