Најпрво се слушна силна бучава, а потоа следеше ветер со огрмна брзина и вител кој носеше се со себе. Вака раскажуваат жителите од битолското село Живојно кои деновиве за првпат се соочија со торнадо. Во дел од селото сликите се застрашувачки-разурнати објекти, однесени покриви, ламарини и герамиди насекаде, а штети има на земјодлеската механзиација и на автомобилите.
- Делови од битолското село Живојно кое беше зафатено од првото торнадо кај нас, изгледаат како урнатини после земјотрес. Жителите раскажуваат, нвремето траело кратко но било страотно станд ап
Повозрасните жители не паметат, вакво невреме
– Куќата ми ја откри цела, герамидите летнаа, после заврна, вода ми течи одсекаде. Однатре гледавме герамиди летаат како книги, вели Љубо Каранфиловски од Живојно.
-Уништени ми се шталата, трлото, дел од куќата. Од кај соседот покривот падна кај мене, рече Ацо Лазаревски.
За среќа нема повредени ниту жртви. Некои од мештаните е кои се затекнаа надвор велат едвај спасија жива глава.
-Едно време се стемна и ветришта фатија. Се фатив за цевката реков да не падне нешто да ме отепа. Сетоа тоа помина, се гледаме живи сме. Внучињата викаат ни ја нема гаражата, ја крена ветрот. Гледаме и на комшијата му ја нема гаражата, вели Стево јанакиевски од Живојно.
Други пак, велат дека звукот кој претходеше на ова торнадо, беше предупредување да влезат дома.
-Кога влегов дома слушнва силно зуење, како да имаше илјадници улишта пуштено. Тоа траеше 10-15 секунди. Кога излегов да видам, тоа беше чудо, Младен Атанасовски жител на Живојно.
Познавачите потврдуваат дека ова е првото торнадо во Македонија, со ветер околу сто километри на час.
- За да се случи торнадо треба да ја допре земјата. Кога ќе ја допре земјата и ќе почне да врти на земја, станува збор за торнадо. Иако беше краткотрајно, траеше десетина секунди, можеме да кажаеме дека се случи. Настанува во овој период кога има ненадејни продори на студените воздушни маси од север, со што при мешањето со топлите воздушни маси се формираат такви вртлози, изјави Мите Ристов, географ.
Митев уверува дека Македонија не е подрачје каде може да се очекуваат интензивни појави на торнада со поголема јачина од ова во битолското село Живојно. Таму пак, жителит ги чекаат за увид општинските комисии за штети и бараат обештетување од државата.
Емилија Мисирлиевска
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
