Македонија

25-годишно момче почина од удар на гром во атарот на тетовското село Урвич

25-годишник од тетовско Долно Палчиште вчера починал од удар на гром во атарот на планинското село Урвич.

Момчето работело како овчар и дента изглегло да го напасува стадото.

Во телефонски разговор со семејството кажал дека во месноста имало невреме.

Откако не одговорил на следниот повик, друг сточар го пронашол телото на сега починатиот.

Надлежните излегле на местото на трагедијата при што бил направен увид.

Инаку, вчера од удар на гром на плажата Оревче во Охрид четворица се здобија со изгореници, додека деветмина претрпеле шок или проблеми со слухот.

За среќа ниту еден од нив не е хоспитализиран, бидејќи кај сите кои се пријавиле за интервенција во охридската болница не биле констатирани никакви телесни повреди, освен кај лицата кои имале лесни изгореници.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе