Македонија

Реисот Фетах Шаќири упати порака по повод Курбан Бајрам

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Фетах Шаќири упати порака по повод празникот Курбан Бајрам. Шаќири во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем празник затоа што содржи многу историски и општествени димензии со извонредно значење за човештвото воопшто, и особено за верниците.

– Во овие денови заврши објавувањето на Светиот Куран, со кој Исламот како вера и систем на живот, за сите времиња и места, ја доби својата последна форма. Се извршува петтиот исламски услов – Хаџ, и во текот на Курбан Бајрам се извршува задачата за колење на курбани, што е главната порака за афирмација и зајакнување на човечкото суштество. Ова е потврдено со случајот на Ибрахим (а.с.), кога тој сакаше да го исполни ветувањето дадено на Бога, го зеде својот син да го жртвува во Негово име, во тој момент, наместо неговиот син, му беше даден животно за курбан. Овој чин уште еднаш, конкретно и одлучно ја нагласи и ја докажа вредноста и достоинството на човекот кон другите суштества.

За ова браќа и сестри, празникот на Курбан Бајрам е празник на голема радост затоа што со актот на колење на курбан верникот се издига високо покажувајќи вистинска покорност во еден Бог, и негува висок морал, надминува на страста и емоциите. Со курбанот колен заради Бога, имаме за цел да надвладееме над нашите страсти, вели Шаќири.

Шаќири во пораката посочува дека празникот Курбан Бајрам е празник на меѓусебна радост, зближување меѓу луѓето, грижа за сиромашните, пружење на раката на помирување, насмевка едни со други, служење на другите, подготвеност за големо дело и свесност за триумф доброто и вистината над злото. Сето ова има за цел: да го достигне задоволството на нашиот Творец и нашето формирање во согласност со духовната и физичката чистота што ја бара Исламот.

-На крај, имам посебна чест од името на Исламската верска заедница и од мое лично име до сите верници во земјата и нашите сонародници каде и да сѐ да им изразам срдечни честитки молејќи се на Семоќниот Алах на овој благословен празник да ги прифати нашите курбани и нашите ибадети, да го зајакнеме мирот во светот, да го елиминираме злото меѓу луѓето, да издржиме разни предизвици и искушенија во животот, особено семејствата на жртвите на трагичната болест Ковид-19. Нека Аллах нè благослови со своите бесконечни благодети. Бајрам мубарек олсун!, наведува во честитката Реисот, Фетах Шаќири.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе