Македонија Топ вести

Седум наркодилери од Гази Баба признаа вина, за други 14 од Грчец продолжува истрагата

Групата наркодилери од Гази Баба призна вина, а за групата од Грчец ќе продолжи истрагата. Седуммина добија затворски казни и тоа двајца по четири и пол години затвор, еден четиригодишна, а четворица поминаа со затворска казна од три години, откако сите се спогодувале со обвинителството за производство и продажба на дрога.

Во рамки на акцијата „Планина“ беа уапсени откако обвинителството имало сознанија дека веќе една година тргувале со какаин и марихуана.

Но, тогаш акцијата беше пресретната токму од петтемина наркобосови, па пред да се изврши упадот во просториите каде тие ја складирале дрогата, таа била дислоцирана па истражителите наидоа на празни објекти, а тие избегале. Уапсени беа осум дилери од Гази баба и 13 од Грчец.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

И покрај примирјето, продолжуваат нападите во Газа: Четири жртви во нов израелски воздушен удар

Tea Dimkovska

Путин: Состојбата со горивото е привремен предизвик

Tea Dimkovska

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе