Вести Најважни Свет

Ескалација на Блискиот Исток: САД нападнаа 90 воени цели во Иран, Техеран возврати

САД и Иран втора ноќ по ред разменија оган, со што дополнително се заострува кризата на Блискиот Исток. Американската Централна команда соопшти дека извршила напади врз околу 90 воени цели во Иран, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, складишта за ракети и дронови, како и воена инфраструктура долж иранскиот брег.

Иранските власти соопштија дека возвратиле со напади врз американски воени локации во Бахреин и Кувајт, додека повеќе земји од Персискиот Залив пријавија експлозии, пресретнати ракети и засилени безбедносни мерки. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека нападите се одговор на претходните ирански акции врз трговски бродови во Ормускиот Теснец.

Меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач со САД, Мохамад Багер Галибаф, порача дека „насилството и прекршувањето на ветувањата повеќе нема да бидат без последици“. Новата ескалација повторно ги зголеми стравувањата за поширок регионален конфликт и предизвика раст на цените на нафтата на светските пазари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе