Вести Македонија

Се намалува времето за чекање на граничниот премин Ќафасан – Кафтане

Македонските и албанските цариници заеднички, на едно место ќе ги спроведуваат царинските контроли  на граничниот премин Ќафасан-Кафтане кон соседна Албанија. Со тоа се олеснуваат процедурите, се намалува времето на чекање и се забрзува протокот  преку граница, што за транспортерите е огромна придобивка.

–Што значи тоа за транспортеритеЌ Ќе значи побрзо минувањр на границите, пократки гранични формалности и единсвени контроли на едно емсто со едно застанување, вели Оливера Миовска, АМЕРИТ-Македонија Сообраќај.

Проектот  се релаизира откако премирите на Македонија и Албанија, Еди Рама и Зоран Заев, на Самитото на земјите од Западен Балкна во Тирана ја потпишаа спогодбата за заеднички контролни точки на граничниот премин Ќафасан.

-Со тоа овој, инаку  четврти најфреквентен граничен премин ќе биде поатрактивен и поефикасен за извоз, увоз и транзит на стоки на ПАН европскиот коридор 8, изјави Илија Јаноски од Царинската управа на Македонија.

Заедничките контролни точки се реалзиираат со донација на УСАИД од  100 илјади америкснаки долари за опрема, скенери, камери.

-Овој договор ќе помогне да се изградат посилни, поодржливи и подбро поврзани економиии, ќе го подбри животот на ваѓите ргаѓани преку  побрзо поврзувањр на вашите земји со пазарите на ЕУ и ќе ги намали физичкире бариери, отоврајќи уште поголеми можности за целиот регион, изјави  Кејт Мари Брнз, амбасадорката на САД во Македонија.

-Алатките и опремата набваени од страна на УСАИД, заедно со тимската работа и тесната соработка меѓу двете страни, ќе овозможи на царинските власти на Ќафасан-Кафтане да ги достигнат највисоките стандарди на царинските процедури, Јури Ким, амбасадорка на САД во Албанија

На настанот што се одржа на граничниот премин Ќафасан, на македонска страна, македонските и албанските цариници демонстираа како ќе изгледа заедничка царинска контрола. Транспортетите пак порачаа, дека по оваа исклучително значјна инвестицијааа, очекуваат вложување во патната инфраструктура кон граничните премини.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе