Издржливост, пост-ковид закрепнување, стратешка автономија на ЕУ, зајакнување на довербата во иднината на Европа и владеење на правото ќе бидат приоритети на словенечкото претседателство со ЕУ.
Ќе се организираат и две пленарни дебати на почетокот на септември, за тоа, каде се движи иднината на европа, одобено во однос на Западен Балкан. Што се однесува на спорот со Бугарија, амбасадорот на Словенија, Милан Прејдан, кој пред националниот Совет за евроинтеграции ја презентираше програмата на словенечкото претседателство, рече дека веќе имаат идеи на маса, но ќе ги презентираат кога ќе дојде време за тоа.
