Вести Македонија Најважни

Над 440 илјади граѓани примиле вакцина, две дози речиси 260 илјади

Во државата досега се аплицирани 700 193 дози вакцини. Заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 440 299 граѓани, а ревакцинирани 259 894. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, соопшти Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 5401 граѓанин, а вчера вкупно се вакцинирале 12 821 лице. Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години,  55 отсто повозрасни од 65 години, 50 проценти од населението над  60 години и 40 проценти од граѓаните што имаат над 50 години.

– Голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, наведува Министерството за здравство и апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање како единствен начин за надминување на епидемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе