Свет

Почина холандскиот новинар застрелан на 6 јули во Амстердам

Познатиот холандски новинар, кој истражувал за криминални делувања, Петер де Врис почина денеска, откако пред девет дена беше застрелан во Амстредам, соопшти телевизијата РТЛ.

– Петер се бореше до крај, но не можеше да ја добие оваа битка. Почина опкружен со луѓето кои го сакаа, соопшти неговото семејство во изјава за РТЛ, каде тој беше вработен.

Де Врис беше позната личност во Холандија, често коментираше во телевизиските криминалистички програми и стручен известувач за криминалот со извори во полицијата и подземјето..

Петер де Врис, кој имаше 64 години, беше застрелан со пет куршуми во глава на улица во Амстердам при излегување од телевизиско студио. Тој беше лице од доверба на крунски сведок во голем судски процес против организираниот криминал. Новинарот беше познат и во странство со својот бестселер за грабнувањето на познатиот производител на пиво, Фреди Хајнекен.

Истрагата за атентатот се уште е во тек, две лица беа уапсени неколку часа по атентатот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Макрон сакаше да ја бакне раката на сопругата на Ердоган, таа го одби

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Грција објави мапа која покажува каде е опасната риба-зајак

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе