Вести Македонија

Владата го објави логото за јубилејот – 30 години од независноста на државата

На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, беше претставено логото кое ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата.

„Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од Денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од сѐ она што денес, нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој“,

соопштија од Владата.

Според владата, на традиционалната, историски заснована, национална, црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30 годишнината од независноста.

„Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност“,

велат од Владата.

Логото по повод 30 годишнината од независноста ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе им биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на сеопфатната програма за одбележување на овој наш исклучително значаен настан – 30 години од референдумот на кој се изгласа независноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе