Македонија

Политички разидувања околу Резолуцијата

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се сложија околу потребата и содржината на Резолуцијата за црвените линии во односите со Бугарија, но се разидоа околу името на државата во документот.

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека нема да го смени ставот и дека останува на концептот за кој, за прв пат, партиите можат да најдат минимум простор за заеднички позиции.

Усвојувањето ваква резолуција би било важно за забрзување на европската перспектива и алатка за македонската дипломатија.

Велат дека додека ВМРО ДПМНЕ нуди единство, СДСМ бара причина за разединување.

СДСМ одговори со прашање: Дали ВМРО ДПМНЕ предлага Резолуција за да се усвои или за да заглави во формални процедури заради нивниот лажен патриотизам.

“Одредбите на македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно. Македонските државни позиции се силни и јасни, но ќе бидат уште посилни ако ВМРО ДПМНЕ го прифати Договорот од Преспа како реалност која овозможи Северна Македонија да стане полноправна членка на НАТО со меѓународно потврдени македонски јазик и македонски идентитет” – велат од СДСМ.

Резолуцијата се уште не е ставена на дневен ред, а не им е ни вратена на предлагачите.

За разлика од неа, интерпелацијата за Талат Џафери, која беше поднесена во исто време, во почетокот на месецот, е вратена на предлагачите, кои не го користеле уставното име на државата.

Ја поднесоа ВМРО ДПМНЕ и Левица поради говорот на Џафери на албански јазик во Европскиот парламент.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе