Ковид19 Свет Топ вести

Имунолозите изолираа антитело кое реагира на делта сојот

Меѓународна истражувачка група научници, меѓу кои и вирусениот имунолог Лука Шичин-Шаин од Хрватска, успеа да изолира антитело кое реагира на нов делта сој на коронавирусот.

Тоа е лек што спречува коронавирусот да навлезе во клетките и со тоа да го пробие неговиот ланец на ширење низ телото. Тестиравме и докажавме дека нашиот лек работи не само во клеточна култура, туку и во живи организми. Во тек се првични клинички истражувања. Нашето антитело е изменето за да се поврзе со вирусот, но не и со клетките на имунолошкиот систем и, според тоа, веруваме дека го намалуваме ризикот од предизвикување несакани воспалителни последици од ваквото терапевтско дејство, истакна Шичин-Шаин за хрватската државна телевизија ХТВ.

Тој додаде дека големите компании развиваат антитела, но има и бројни други тимови и напори за развој на лекови кои ќе бидат насочени кон ензимите што ги има вирусот, а ги нема нашето тело.

Постои и класа лекови кои делуваат против прекумерен имунолошки одговор, затоа што знаеме дека кај тешки пациенти проблемот е во бурата цитокин што се јавува како последица на прекумерна имунолошка реакција на организмот, затоа се развиваат лекови за намалување на имунолошкиот одговор, посочи Шичин-Шаин.

Тој се осврна и на вакцините против Ковид-19 истакнувајќи оти се ефикасни и безопасни.

Дистрибуирани се над 3 милијарди вакцини. Веќе не е експериментална вакцина, тестирана е на голем број луѓе и гледаме дека е ефикасна и многу безопасна. Постојат несакани ефекти и тие внимателно се следат. Ризиците од вакцините се далеку помали од ризикот од инфекција. Односот е еден на 10.000. Препораката е луѓето да се вакцинираат и се надевам дека мнозинството ќе ја послуша препораката, наведе Чичин-Шаин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе