Владејачката СДСМ на Извршниот одбор одлучува за дваесетина кандидати за градоначалници на локалните избори, што треба да се одржат во втората половина на октомври.
Лидерот Зоран Заев пред почетокот на состанокот кратко изјави дека се завршени сите анкети и на граѓаните и на партиското членство и дека одлуката ќе биде донесена вечерва.
Васко Ковачевски, пред новинарите рече дека не поднел кандидатура за градоначалник, додека пак Костадин Костадинов, којшто е кандидат за градоначалник на Струмица, рече дека ќе се почитува одлуката на Извршниот одбор на партијата.
Досега, како што дознава нашата репортерка Далиборка Демјанска официјално се потврдени кандитурите за градоналник на Валандово, Дојран, Крушево и Арачиново.
А неофицијално и за Бутел, Бисилово, Демир Капија, Старо Нагоричане, Маврово-Ростуше и други.
За вестите на Телма во 21.30 се јави Далиборка Демјанска
