Свет Топ вести

Се усложнува политичката ситуација во Бугарија

Уште пред в четврток да бидат објавени официјалните резултати од превремените избори во Бугарија земјата е се поблиску до нови избори. Откако неофицијалниот победник на изборите „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифунов, објави дека нема да формира колаиции со други партии од блокот против поранешната власт на ГЕРБ, туку дека сам ќе предложи влада, токму партии на кои се надеваше дека ќе гласаат за неговата владата една по една соопштија дека нема да ја поддржат. Откако тоа експресно вчера го соопштија Демократска Бугарија и Стани и излези, денеска дека нема да го поддршат соопшти лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова.

„Нема начин како да го поддржиме предлогот на Трифонов, бидејќи тој не исполнува ниту една од нашите цели. Што се однесува до астронаутиката, политиката не е претстава и не се прави на тој начин. Овој приоритет не е сериозен и не можам да го коментирам. Наместо да зборуваме за приходите, пензиите и проблемите на луѓето, ние разговараме на оваа тема. Имаме сериозни разлики со предложените приоритети со „Има таков народ’’, изјави лидерката на БСП Корнелија Нинова.

„Има ли опција ГЕРБ да разговара со „Има таков народ“ за поддршка по некои ресори, не…

Нема опција затоа што тој не го бара такви разговори. Точка, одговори Борисов.

Од каде знаете дека не бара, дали сте го прашале?

А зошто ние да го прашуваме. Оној кој формира влада бара поддршка во Собранието, а не обратно. Јас и ГЕРБ доволно сме управувале, нас ни е време за опозиција“, рече Борисов.

Во меѓувреме политичката ситуациија во Бугарија се вжештува не само со фактот што земјата може да оди на трети парламентарни избори во една година, туку што по низата од корупциските скандали кои излегоа на виделина во изминативе три месеци поврзани со претходната власт, на распит во полиција е повикан токму Борисов.

Во меѓувреме изборните резултати во Бугарија претепеа минимална промена. По пребројано 99,95 проценти од гласовите Централната изборна комисија објави дека Има таков народ на Трифунов освоила 24,07 проценти од гласовите, а ГЕРБ 23,52,, со што разликата меѓу нив остана минимална, зголемена во полза на Трифунов за 0.3 процентни поени, што на Има таков народ би му донело околу 64 пратеници во 46 бугарско собрание.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Макрон сакаше да ја бакне раката на сопругата на Ердоган, таа го одби

Kristina Kuzmanovski

„Казна, а не олеснителни околности“ побара обвинителството за Татјана Димитровска – одбраната тврди дека се прави театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе