Македонија Топ вести

Почна чистењето на малата депонија на линдан во „Охис“

Почна да се расчистува теренот околу малата депонија со линдан во кругот на фабриката „Охис“.Шатори, филтри за воздух, челични буриња и контејнери ќе се користат за складирање и транспорт на опасниот линдан но и на контаминираната земја со кој се затрупани бурињата како и почвата под нив. Линданот ќе се транспортира до пристаништето во Солун од каде ќе биде префрлен во Франција додека 700 илјади тони земја со која се покриени бурињата но и под нив ќе биде извадена и транспортирана во Холандија.

Двете депонии содржат 59 илјади тони линдан. Во малата депонија има седум илјади тони линдан додека во големата се закопани буриња со 52 илјади тони. За разлика од големата депонија која е наменска и за која има изградено бетонски базен, малата депонија е обезбедена со многу помал бетонски ѕид.

Закопаните буриња со линдан се наоѓаат  метар и седумдесет под нафрлената земја но потоа ќе се копа во длабочина и ќе се прави испитување на земјата дали е загадаена односно дали и колку треба да се копа во длабочина.

За цело време додека се изведува расчистувањето тимови од ПМФ ќе го мерат квалитетот на воздухот за да нема никаква дополнителна опасност по вработените но и граѓаните од околните населби.

Расчистувањето на депинијата ќе го врши фирмата „Полиеко“.

За  чистењето на малата депонија, Министерството соработува со две агенции на Обединетите Нации, УНИДО и УНОПС. Проценетата вредност на комплетното чистење и уништување на линданот и неговите изомери од малата депонија во „Охис“ изнесува приближно 8 милиони евра а дел од средствата ги обезбеди и Кралството Норвешка.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

Пет лица лишени од слобода, осум насилници ги малтретирале своите жени и деца изминатото деноноќие

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе