Започнува чистењето на линданот од малата депонија во Охис. Процес што ќе трае цела година и ќе чини околу 8,4 милиони евра.
Фирмата Полиеко, е избрана за да спроведе безбедно чистење на околу 700 тони со заштита на околината од контаминираниот воздух.
Линданот ќе биде извезен во Франција, а контаминираната земја во Холандија, согласно Базелската конвенција.
Малата депонија се наоѓа до оградата на фабриката Охис и булеварот „Борис Трајковски“. Се уште не се најавува чистење на големата депонија, на која се претпоставува дека има околу 40 илјади тони канцероген линдан.
